twitter linkedin

ТП за ревизија и консалтинг „СКОЛАР-П“ Прилеп е независна, лиценцирана ревизорска канцеларија  која нуди ревизорски и услуги на уверување, како и даночни и други консалтинг услуги, согласно важечката законска регулатива.

Мотивирани сме да воспоставиме долгорочна професионална врска со клиентите преку давање посветена професионална услуга со долгогодишно искуство, соодветно познавање на професионалните стандарди и важечките регулативи како и земајќи ги во предвид променливите економски услови во земјата, регионот и светот.

Преку континуирано учење и професионален развој во целосна служба на јавниот интерес со свесност за одговорност кон професијата, давајќи персонализирана услуга според потребите на ангажманот.